ВИДЕО Пендаровски: Ќе правиме Влада – опозициската коалиција тежи 50 мандати

by fokus

Стево Пендаровски, носител на листа во изборната единица 1 на коалицијата предводена од СДСМ се сретна со жителите на Сопиште и на Горно и Долно Соње.

„Јас сум сигурен дека во првата изборна единица ние ќе се доближиме до 100.000 луѓе. Ако биде така, ние и по број на гласови и по број на мандати, ќе имаме минимум четвртина од парламентарното мнозинство и ќе правиме Влада“, рече Пендаровски.

Тој додаде дека расположението на народот е неспорно на страна на опозицијата.

„И во другите изборни единици опозицијата оди многу подобро од почетокот, така што во моментов проценките се дека опозициската коалиција тежи 50 мандати и има тенденција на пораст“, додаде Пендровски.

Поврзани новости