Пендаровски ќе го разгледа Законот за дивоградби, па ќе одлучи дали ќе го потпише Указот

by fokus

Законот за дивоградби денеска е доставен до претседателот Стево Пендаровски. Од неговиот кабинет велат дека претседателот ќе го разгледа законот, по што ќе донесе одлука дали ќе го потпише Указот.

-Указот за прогласување на Законот за утврдување правен статус на бесправно изградени објекти денеска е доставен Собранието на Република Северна Македонија. Претседателот Стево Пендаровски ќе го разгледа текстот на законот, по што ќе донесе одлука и навремено ќе ја информира јавноста, информираа од Кабинетот на претседателот Пендаровски.

Законот беше изгласан вчера во Собранието. Со него, меѓу другото, се овозможува легализација на бесправно изградени објекти изградени до денес, со тоа што треба да се платат 50 отсто поскапи комуналии.
Поточно, се предвидува легализација на дивоградби изградени до денот на стапување во сила, односно до осмиот ден од денот на објавувањето во „Службен весник“.

Законот вклучува објекти, гаражи, остави и базени изградени без дозвола за градба, дивоградби во национални паркови, природни резервати, споменици на природата и подрачје на заштитено недвижно културно наследство.

Но, од законот се исклучени дивоградбите во границите на Охридскиот регион каде има природното и културното наследство, како и дивоизградените згради.

Поврзани новости