Пендаровски: Ќе го дадев мандатот на ВМРО-ДПМНЕ, ако изгласаа недоверба на Владата

by fokus

Претседателот Стево Пендаровски во вечерашното гостување на телевизија Сител рече дека немал дилеми кому ќе му го дал мандатот, доколку и била изгласана недоверба на Владата.

Јас бев на чисто што ќе правам во однос на мнозинството. Прво, се гласа недоверба на Влада, па се бира нова со мнозинство од 61 пратеник. Ако ја урнеа Владата со 61 пратеник, ќе беше легитимно на втората по бројност пратеничка група, ВМРО-ДПМНЕ, да и се даде мандатот. Ако останеше тоа мнозинство и кога требаше да се бира новата влада, доволен ќе беше само телефонски повик од лидерот на опозицијата и тука Уставот не остава простор, мора да се даде мандатот на тие што го имаат мнозинството, вели Пендаровски.

Поврзани новости