Пендаровски: Јас не изгубив од Иванов, туку луѓето беа натерани да гласаат за него

by fokus

Промената на демократскиот амбиент е една од причините зошто професорот Стево Пендаровски, одлучил да се кандидира повторно за претседател на државата. Тој вели дека во 2014 не изгубил, туку резултатот се должел на изборниот фалсификат, за кој, вели Пендаровски, се водат истраги.

–Ние бевме заробена држава во тој период, не по моја или ваша констатација, туку според ЕК, според Брисел, од неколкумина. Ниту имавме рамноправен пристап кон медиумите, државните ресурси беа злоупотребувани за партиски кампањи… Главната причина е што сега во демократски амбиент луѓето имаат право да ја кажат својата волја за кандидатите, а тогаш тие тоа го немаа. Во 2014 година јас не изгубив, туку луѓето беа натерани да гласаат за еден кандидат наспроти друг и тој изборен инженеринг во неколку предмети е третиран од СЈО. На локалните избори 2017 година дотогашниот режим беше тотално поразен – вели Пендаровски.

Поврзани новости