Пендаровски изрази сочувство до Макрон за загинувањето на 13 француски војници

by fokus

Претседателот Стево Пендаровски изрази сочуство до претседателот на Француската Република Емануел Макрон по повод загинувањето на 13 припадници на француската војска во Мали.

-Длабоко ме потресе веста за хеликоптерската несреќа во Мали, каде животот го загубија 13 припадници на француската војска. Во овие тажни моменти за Вашата земја, нашиот народ длабоко сочувствува со пријателска Франција и заедно со мене ја споделува тагата за загубените животи од оваа несреќа. Ве молиме да ги пренесете нашите изрази на искрено сочувство до семејствата на трагично настраданите војници и до францускиот народ, пишува претседателот Пендаровски.

Тој до францускиот колега упати изрази на силна и безрезервна поддршка во здружување на заедничките напори за акција во глобалната безбедност.

Поврзани новости