Пендаровски: Имав динамичен разговор со Макрон, ми најави посета на Македонија следната година

by Фокус

Македонскиот претседател Стево Пендаровски сооппшти дека за време на денешната средба со францускиот претседател Емануел Макрон имал динамичен разговор.

„Средбата беше можност да ја потврдам нашата заложба за европска интеграција и да го информирам претседателот Макрон дека ние немаме резерва за изменета методологија за водење на претпристапните преговори со ЕУ со цел продлабочување на процесот“, напиша Пендаорвски на фејсбук.

Тој информираше дека Макрон му најавил посета на Северна Македонија во првата половина на 2020 година.

Поврзани новости