Пендаровски: Им чепнав во осилото за името!

by Фокус 10:30
10:30

-Со мојот став за името им чепнав во осило, за идентитетот на македонскиот народ нема преговори, но за меѓународното име на државата наместо ФИРОМ, ќе треба да се прашаат сите граѓани на Македонија, без оглед на нивната етничка припадност, рече Пендаровски.

Тој додаде и дека повеќе нема да дозволи младите да бегаат од државата, бидејќи во изминативе години не ја гледале иднината во Македонија.

- Advertising -

– Мојот концепт е граѓанинот пред се, човекот пред се. Затоа што држава без луѓе не може да постои. Младите во мојот мандат ќе бидат таргетна група. Како да ги задржиме во својата држава ќе биде еден од проблемите за кој ќе се фатам во костец и ќе го решавам. Ако си реформатор, младите нема да ти бегаат од тука. Но, очигледно е обратно, рече Пендаровски пред насобраната толпа.

Тој објасни и дека последниот попис не успеал токму затоа што околу 400.000 граѓани, според податокот на Светска банка, во последната деценија заминаа на времена работа или трајно се иселија од државата.

Политичкиот врв на СДСМ, вчера, ја посети и Битола. Лидерот Зоран Заев пред битолчани истакна дека денеска најголем патриот насекаде во светот е оној што му овозможува подобар живот на граѓанинот.
– Под превезот на патриотизмот ни ја украдоа државата. Нема поголем патриот од задоволен граѓанин. Ние нудиме поинаков концепт, во кој граѓанинот е пред сè – истакна Заев.
Тој се сретна и со пензионерите и посочи дека СДСМ ќе се труди пензиите да растат на вистински начин, а не само пред избори.
– Значи, ако цените се покачиле за 15 проценти, за 15 проценти да се покачат и пензиите – објасни Заев.

Поврзани новости