Пендаровски: И во турско време тутунарите не биле толку понижени!

by Фокус 08:30
08:30

Власта која во последниве осум години успеа да го подели македонскиот човек по сите можни основи, успеа да направи и две категории тутунари. Нивни и наши, изјави вчера Стево Пендаровски за време на централниот митинг во Прилеп.

– Ми велат дека од пред неколку дена доаѓаат емисари од власта и им нудат усни одговори за откуп на тутунот. И тоа само на тие од кои очекуваат сигурен глас, нивниот, плус други 20 гарантирани. Вакво понижување на македонскиот земјоделец, на македонскиот тутунар не било од турско до денес. Ако е тутунар – мораш да му ја платиш маката. Не е битно дали е член на ВМРО, член на СДСМ и да не е член – маката мора да му ја платиш еднакво – порача Пендаровски.

- Advertisements -

Според кандидатот за претседател на СДСМ, опозициското расположение е доминантно во Македонија и тоа треба да се рефлектира на 13 и на 27 април.

– Оваа бројка што ја гледам денес ми дава надеж дека самиот народ, самите граѓани нема да им дозволат да ја фалсификуваат волјата на граѓаните – финишираше Пендаровски.

Поврзани новости