Пендаровски и Радев со бугарски авион ќе патуваат за Рим за заедничко одбележување на Денот на Св. Кирил и Методиј

by Fokus

Делегациите на Република Македонија и на Република Бугарија оваа година заедно ќе го одбележат Денот на светите браќа Кирил и Методиј.

Лидерите на двете држави, Стево Пендаровски и Румен Радев на 26 мај заедно со бугарски авион ќе отпатуваат за Рим. Претседателот на Бугарија ќе допатува во Скопје и по кусата средба со претседателот Пендаровски на скопскиот аеродром, заедно со група бугарски и македонски новинари, ќе отпатуваат за Рим, соопштија од кабинетот на Пендаровски.

Државните делегации на двете земји веќе неколку години заедно оддаваат почит на Денот на сесловенските просветители светите браќа Кирил и Методиј, положувајќи цвеќе кај базиликата „Санта Маџоре“, како и на гробот на свети Кирил во базиликата „Свети Климент“ во Рим и Ватикан.

Според програмата, македонската делегација, предводена од Пендаровски и бугарската, предводена од Радев, ќе имаат одвоени средби со поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциск.

Поврзани новости