Пендаровски го свика Советот за национална безбедност: Нема потреба од прогласување на вонредна состојба

by Фокус

Претседателот Стево Пендаровски денеска најави дека во понеделник попладне закажа седница на Советот за безбедност во врска со ситуацијата со корона вирусот, на кој, покрај вообичаениот состав, ќе присуствуваат и министерот за здравство и началникот на Генералштабот на АРМ. Пендаровски рече дека тој како шеф на државата има надлежност преку ангажман на армијата.

-Моментално е прогласена кризна состојва на јужната и на северната граница, меѓутоа можен е ангажман на армиските единици и без да има кризна состојба. Исто така, можно е прогласување на кризна состојба и поради епидемијата на дел или на цела територија, во период од 30 дена, а за поголем период треба да одлучи собранието кое е распуштено. И третата варијанта е воведување на вонредба состојба, која никогаш не воведена зашто не било неопходно. Јас сметам дека во овој момент не треба да се воведе но ако затреба може да се воведе бидејќи ги покрива овие состојби со заразни болест, односно загрозување на здравјето од поголем обем – вели Пендаровски.

Тој истакна дека службите откриле неколку обиди за планско ширење на лажни вести со цел продуцирање на паника.

Поврзани новости