Пендаровски: Гласот за Силјановска е уште еден мандат за Ѓорге Иванов

by fokus 09:07
09:07

Кандидатот за претседател поддржан од СДСМ и коалцијата Стево Пендаровски, синоќа на митинг во Куманово ја побара поддршката на граѓаните од градот, за кој рече дека претставува Македонија во мало. Навраќајќи се минатото, истакна дека во Куманово отсекогаш победувал концептот кој што и сега оваа политичка опција го нуди, едно општество за сите, концепт за кој рече го срушил режимот со пенкало.

Тој ги повика кумановци да гласаат за претседател, кој нема да личи на досегашниот, за кого истакна дека ги кочи евроатлантските интеграции. Пендаровски се осврна и на договорите со Бугарија и Грција, со кои посочи се отвараат вратите на Европа. Со Законот за јазиците, истакна тој, затворен е Охридскиот рамковен договор, и со него е направена внатршена кохезија. Осврнувајќи се на економијата Пендаровски, додаде дека веднаш по поканата за НАТО се чуствуваат првите позитивни економски индикатори.

- Advertisements -

-Ќе бидат и многу повеќе кога ќе се заокружи тој процес, два месеци отсега со полно право очекуваме да добиеме и датум за преговори со ЕУ, истакна Пендаровски.

Тој нагласи дека државава ја очекуваат стотици милиони евра за развој на општеството.

-Најголемиот проблем е економскиот развој и поврзано со тоа иселувањето на младите генерации. Златни деца изгубивме во овие десет, единаесет години владеење на режимот на фамилијата, но со отварање на европските врати, ние имаме голема шанса да направиме голем економски развој овде и на тој начин да им дадеме шанса на младите да формираат семејства, да започнат бизнис, рече Пендаровски.

Тоа, рече не може да се постигне ако се гласа за другата опција, бидејќи според него, гласот за противкандидатот Силјановска е мандат за Ѓорге Иванов, а ако на идни парламентарни избори се гласа за Мицкоски тогаш тоа е глас за Груевски.

-Тоа се политики кои не влечат назад, во мрачниот тунел, во диктатурата на Груевски, рече Пендаровски.

Тој ги повика кумановци да гласаат за него на 21 април и на 5 мај, годинава, укажувајќи дека оваа политичка опција во Куманово никогаш не изгубила.

Поврзани новости