Пендаровски: Гласајте за нашиот концепт, за после да не се чудиме како е можно Груевски и фамилијата да се вратат на власт

by fokus

Кандидатот за претседател Стево Пендаровски на вечерашната трибина во Карпош ги повика граѓаните да излезат да гласаат на петти мај за неговиот концепт.

-Постојат неколку категории кои останаа дома. Вчера освоивме бројка на гласови која е надвор од нашите очекувања. Бројката на гласови е исклучителен капитал и оние што не гласаа знаат дека оваа опција е единствена која не носи напред. Луѓето кои останаа дома зашто се незадоволни од власта, сакам да им порачам: овие избори не се обични и не е тоа дали Пендаровски ќе биде или Силјановска. Нивниот концепт носи назадување и не враќа во конфликтиното време. Со концептот сите етнички заедници не се еднакви, членовите на фамилијата се поеднакви од другите. Со овој концепт никој нема да ги покани кафе да пијат во Брисел, а не да бидеме членки на ЕУ. Последна шанса ќе ни биде на петти мај, да дадеме поддршка не на Стево, туку на концептот кој не носи напред, за на шести мај да не се чудиме како е возможно Груевски и фамилијата да ни се вратат назад на власт, зашто ние сме останале дома и сме мислеле дека само во нијанси се разликувале опциите, рече Пендаровски.

Поврзани новости