Пендаровски: Ги разочаравме луѓето од Шарената револуција и треба да преземеме одговорност

by Фокус

Претседателот Стево Пендаровски вели дека не е задоволен од владеењето на правото.

-Бев носител на пратеничка листа во првата изборна единица и зборував цело време дека нема правда нема мир, и тоа беше главниот слоган на таа Шарена револуција. Но, ние ги разочаравме тие луѓе и треба да ја преземеме одговорноста – рече Пендаровски на ТВ 21.

Тој посочи дека на оваа тема разговарал и со министерот за правда Бојан Маричиќ и со вицепремиерот за антикорупција Љупчо Николовски, кој деновиве го промовираше планот за борба против корупцијата.

-Им велам дека во изминатите 30 години има супер инфлација од документи, но ни треба практична имплементација. Не сме на ова дереџе затоа што немаме добри закони, туку затоа што законот за некого важи, за некого воопшто не важи – рече Пендаровски.

Поврзани новости