Пендаровски: Француското „не“ беше непријатно и шокантно

by Фокус

Претседателот Стево Пендаровски во интервју за парискиот весник „Ла Кроа“ вели дека францускиот колега Емануел Макрон на се обврзал дека ќе дозволи почеток на преговорите на Македонија со ЕУ на следниот самит, но сепак, порача Пендаровски, тој сака да верува дека Макрон следниот пат ќе каде „да“.

– Тој прифати многу од моите аргументи и призна дека Северна Македонија ги исполнува сите критериуми за започнување преговори, за разлика од Албанија, за која вели дека има сомнежи – посочува Пендаровски.

Тој додава дека негативната одлука кон Македонија е истовремено непријатна и многу шокантна и затоа, како што вели, била многу критикувана.

– Поминаа 14 години како што сме во чекалната на Европската Унија. И во последните десет години, Европската комисија сериозно препорачува започнување на преговори за членство со нашата земја, бидејќи таа ги исполнува сите предуслови. Освен што прво моравме да го решиме историскиот спор околу името на нашата земја за надминување на ветото на Грција – вели Пендаровски.

Според него, аамо перспективата за интеграција во Европската унија ќе го спречат враќањето на авторитарните режими на Балканот.

Поврзани новости