Пендаровски: Државата веднаш да најде начин да се набави лекот „трикафта“

by Fokus

Претседателот на Македонија, Стево Пендаровски преку соопштение истакна државата веднаш мора да најде начин за набавување на лекот „трикафта“ за пациентите со цистична фиброза.

Точно е дека претседателот Пендаровски има одржано не една, туку повеќе средби со здруженијата на граѓани болни од цистична фиброза на нивно барање. И не само со нив, туку и со многу други здруженија на граѓани во кои членуваат или работат со граѓани од ранливите групи. Секогаш и безусловно претседателот и Кабинетот се заложуваат да решат што повеќе системски проблеми што ги имаме во нашата држава независно што не спаѓаат во неговите надлежности. Во однос на обезбедување на лекот ‘трикафта’, претседателот Пендаровски, како и членовите на неговиот Кабинет, имаше комуникација и даде повеќе предлози до надлежните институции: Владата, министерот за финансии, министерот за здравство и до менаџерскиот тим на Фондот за здравствено осигурување за тоа како и од каде да се обезбедат средства за набавка на лекот. Претседателот Пендаровски смета дека државата треба да најде начин, кој е најсоодветен, за да се набави лекот „трикафта“ веднаш“, велат од неговиот Кабинет.

Поврзани новости