Пендаровски: Доколку нема поголеми плати и поквалитетен живот, младите ќе продолжат да се иселуваат

by fokus

Ја разбирам потребата дадената изјава да биде врамена во дневни партиско-политички пресметки, но трендовите во целиот регион и кај нас се неспорни. Губиме висококвалификуван и млад кадар, соопшти претседателот Стево Пендаровски преку допис од неговиот Кабинет, појаснувајќи ја неговата денешна изјава на 4.Регионален младински лидерски форум во Нови Сад каде што рече дека кога не би бил претседател и тој би се иселелил од својата земја.

-Одговорноста е на сите политички водства, од независноста до денес. Вклучително и моја. Доколку немаат суштинска европска перспектива, поголеми плати и поквалитетен живот, младите ќе продолжат масовно да се иселуваат.  Младите мора да имаат прва шанса да успеат дома, додава претседателот Пендаровски во дописот во однос на изјавата на форумот на која реагираше опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Поврзани новости