Пендаровски до Ковачевски: Што ќе правиш во Брисел, само да се сликаш?

by fokus

Претседателот Стево Пендаровски смета дека премиерот Димитар Ковачевски не треба да оди во Брисел на Самитот на ЕУ ако ситуацијата се одвива како и до сега односно сме во ситуација како што на пример било вчера кога бугарските претставници вчера на состанокот на Комитетот на постојани претставници во ЕУ (КОРЕПЕР).

-Јас го советувам да не оди. Мојот совет е ако вака се одвиваат работите, ако Бугарите само вчера доставија пет нови барања … Што ќе правиш во Брисел? Само да се сликаш?“, рече Пендаровски вечерва во емисијата „24 анализа“ на ТВ 24.

Коментирајќи го тоа што премиерот се координира со албанскиот колега Еди Рама и српскиот претседател Александар Вучиќ за одењето во Брисел, Пендаровски рече и дека „не го бендисува“ тоа што ваква координација се прави во рамки на „Отворен Балкан“ бидејќи тоа е економска иницијатива.

Ние, вели шефот на државата, треба да донесеме наша, автономна државна одлука дали да одиме или не.

Поврзани новости