Пендаровски: Диво Насеље е договорен настан, но во процесот не се зафатени сите клучни актери

by Фокус

Моите информации се дека во тековниот процес за Диво Насеље не се зафатени сите клучни актери кои учествувале во подготовката или во позадинското менаџирање на настаните, рече претседателот Стево Пендаровски во 360 степени на Алсат М.

-Значи, зафатени се… дали баш сите до еден, не навлегувам во тоа… меѓутоа, зафатени се воглавно луѓето кои оперативно излегоа на терен и ги направија тие безбедносни проблеми во предградието на Куманово. Колку што јас знам, а нешто знам во тој дел, не се опфатени луѓето коишто дадоа наредба тоа да се направи, бидејќи тоа е договорен настан, да нема никој дилеми околу тоа – рече Пендаровски.

Поврзани новости