Пендаровски: Да ја вратиме Македонија во редот на нормалните држави

by Фокус 10:11
10:11

Ако не излезете на гласање и во вториот круг од претедателските избори, вие недвосмислено му давате поддршка на оној за којшто велите дека не ни чини, на оној којшто Македонија ја донесе до дното на Европа и Балканот, рече вчера Стево Пендаровски пред граѓаните на скопски Карпош.

– Имаме извештај од мониторинг мисијата на ОБСЕ кој е најлошиот во последните 14 години за Република Македонија, во кој тие децидно тврдат дека е направена голема измама во првиот круг од претседателските избори. Сите државни ресурси му беа ставени на располагање на кандидатот на власта. Јас и опозицијата останавме изолирани без пристап до медиумите и без фер шанса да кажеме за што се залагаме. Затоа и со двојна победа, тоа ќе биде само една фаза во битката да ја вратиме Македонија во редот на нормалните држави – рече Пендаровски.

- Advertising -

Поврзани новости