Пендаровски: Да ги дуплираме гласовите и да спречиме кражба

by Фокус 11:02
11:02

Ја поистоветија партијата со државата, правејќи ни ја државата политички опонент и спроведувајќи системска кражба. Граѓаните веруваат во нашиот концепт, затоа масовно да излеземе и да не дозволиме да се фалсификува волјата на граѓаните, повика претседателскиот кандидат на СДСМ, Стево Пендаровски на вчерашните средби во општината Ѓорче Петров.

Тој заедно со претседателот на СДСМ, Зоран Заев се обрати на големиот граѓански собир во Ѓорче Петров.

– Им благодарам на граѓаните кои во овие услови ми ја дадоа масовно својата поддршка. На 27-ми ве повикувам да ја дуплираме таа бројка. На 27-ми да гласаме за нови луѓе, за нов концепт, на 27-ми април да извојуваме двојна победа, повика Стево Пендаровски во своето обраќање на собирот на граѓани во Ѓорче Петров.

- Advertising -

Поврзани новости