873
Основоположник на бугарските позиции дека не постои македонски народ и македонски јазик е Тодор Живков. Бугарската современа политика нема излезено од матрицата на Живковизмот, изјави претседателот Стево Пендаровски во емисијата „Трилинг“.
-Главните позиции на бугарската политика за македонското прашање се исти во последните 70 години. Основоположник на позициите дека не постои македонски јазик и македонски народ е Тодор Живков. Бугарската современа политика нема излезено од матрицата на Живковизмот и од нивната комунистичка историja, вели Пендаровски.
Според него, не постојат реални шанси Македонија и Бугарија наскоро, односно до декември да најдат решение за овој билатерален спор кој стана нов проблем за земјава на патот кон ЕУ.