Пендаровски: Братучед на Груевски во МВР беше премиерот во сенка, беше господар на нашите судбини, нашите животи

by Fokus

СДСМ и коалицијата ќе влезат во жестока, антикриминална акција и сите мафијаши на режимот по коректна постапка ќе платат за своите дела, рече пратеникот на СДСМ, Стево Пендаровски во рамките на редовните понеделнички средби во централата на СДСМ, која се одржа вчеравечер.

– Прво, за разлика од ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ и коалицијата нема да прави, плаќа, организира и инструира тотална политичка пропаганда бидејќи во демократија политичките партии тоа не го прават. Идната Влада нема да ги притиска новинарите да пишуваат за неа по секоја цена и нема да ги затвора телевизиските куќи кои ќе зборуваат против неа. Второ, ВМРО-ДПМНЕ употребуваше радикално националистичка реторика, често и шовинистичка реторика, особено во линија на меѓуетничките односи на Македонци и Албанци. Да се употребува националистичка реторика во држава која е толку хетерогена, во етничка и религиозна смисла тоа е рецепт за катастрофа на државата. СДСМ и коалицијата и ова нема да го прави – истакна Пендаровски.

Според него, ВМРО-ДПМНЕ направи полициска држава, заокружен проект на полициска држава.

– Практично, братучед на Груевски во МВР беше премиерот во сенка, беше господар на нашите судбини, нашите животи, од него и од оние што му беа него потчинети зависеше се. Таков заокружен проект на полициска држава, СДСМ ниту мисли да прави, ниту има намера да прави, ниту ќе прави – рече Пендаровски.

Поврзани новости