Пендаровски: Борбата не е завршена!

by Фокус 21:57
21:57

Претседателскиот кандидат Стево Пендаровски предмалку им се обрати на граѓаните и изрази благодарност до сите што гласале за него.

„Над 320.000 гласови во овие тешки услови се успех за опозицијата. Бројот на гласови што ги доби Ѓорге Иванов не се благодарение на неговите квалитети ниту на успехот на власта. Борбата не е завршена. До последниот момент ќе се борам за да се смени нешто во државата. А вие немојте да го изгубите духот и вербата, бидејќи борбата не е завршена“, порача Пендаровски.

- Advertising -

На прес-конференцијата на СДСМ се обрати и претседателот на партијата Зоран Заев.

„Резултатот од првиот круг не е очекуван ниту од опозицијата, ниту пак од мнозинството граѓани во државата. ВМРО-ДПМНЕ исплашени, преку систематска кражба на гласови, ја спречија победата. Ние во овие кревки услови на демократија нема да дозволиме да се повтори ова. Во вториот круг уште помасовно ќе излеземе за конено да ја бутнеме од власт оваа недоемократска партија“, рече Заев.

 

Поврзани новости