Пендаровски: Армијата со цел состав ќе се мобилизира

by Fokus

Вечерва на предлог на Генералштабот на армијата, а по анализа на состојбите, наредив да се прогласи тревога на целокупниот состав на армијата за справување со елементарни непогоди, напиша на социјалните мрежи, претседателот Стево Пендаровски.

„Ова е донесено со цел да може во координирана акција со сите институции целокупниот состав на армијата да се стави на располагање за справување со пожарите на територијата на државата. Наредбата стапува на сила веднаш, мобилизација на армијата е во тек“, додаде тој.

Поврзани новости