Пендаровски: 40 до 50 функционери досега имаат добиено НАТО безбедносен сертификат

by fokus

Претседателот Стево Пендаровски во денешното гостување на радио Канал 77 негираше дека досега само тој има добиено НАТО безбедносен сертификат.

-Не е точно дека само Пендаровски има безбедносен сертификат. До овој момент меѓу 40 и 50 високи функционери во државата, од службите до политиката, имаат добиено НАТО безбедносни сертификати.  До овој момент уште стотина се во процедура да добијат.  Вториот мит – ако НАТО не сака да ти даде безбедносен сертификат, секој пат ти дава писмен одговор – вашето барање е одбиено, тоа што го споменуваа Оливер Спасовски, Маричиќ…Никој досега не е одбиен, вели Пендаровски.

Поврзани новости