За победникот на изборите во САД можеби нема да дознаеме во скоро време, но има едно неверојатно сценарио. А тоа е да биде нерешено, односно двајцата кандидати освојат по 269 електорски гласови.
Уставот во тој случај вели дека Претставничкиот дом (US House of Representatives) го бира претседателот (секоја држава има по еден глас), а Сенатот го бира потпретседателот.
Можно е дури и кандидат на трета партија да освои повеќе гласови од двајцата главни кандидати, и да го освои мнозинството.
Нерешен исход е малку веројатен, но еднаш се има случено во историјата.
Иако е извесно дека Демократите го држат Претставничкиот дом, тоа не значи дека Бајден автоматски ќе победи.
Ненси Пелоси изјави дека Претставничкиот дом е подготвен и за такво сценарио.
Има и уште едно неверојатно сценарио, односно дека и вториот пат може да биде нерешено. Во тој случај во март актуелниот потпретседател ќе ја извршува функцијата на претседател.