Пелоси: Меконел е лицемер, републиканците го погазија Уставот на САД

by Fokus

Републиканците не успееја да го сработат она што е нивна работа, да ја почитуваат институцијата на која и служат, изјави синоќа спикерот на Претставичкиот дом, Ненси Пелоси, веднаш по гласањето во Сенатот кога поранешниот претседател Доналд Трамп беше ослободен од обвинувањата за поттикнување бунт во Конгресот.

– Да ја почитуваат истата институција која претходно беше вандализирана, и чиј претседател, претседателот на Сенатот, Мајк Пенс, беше предмет на извици „обесете го Мајк Пенс“. Тие едноставно го порекнаа тоа. Зошто? Можеби не можат да си најдат друга работа, рече Пелоси.

Таа додаде дека се работи за политичкото преживување, „кое е многу поважно од нашиот Устав, пред кој толку често се колнеме дека ќе го заштитуваме и браниме“.

Таа го обвини лидерот на републиканското мнозинство во Сенатот, Мич Меконел за лицемерие.

– Тој намерно го затвори Сенатот за менаџерите на импичментот да не можат да ги предадат одредбите за импчпмент. Меконел намерно го направи тоа се до инауграцијата за да има изговор. Фактот дека тој првин го обвини претседателот, но потоа рече дека го ослободува бидејќи не е повеќе претседател, говори многу, изјави Пелоси.

Покрај педесетмината демократи, плус седуммина републикански сенатори гласаа за осуда на Трамп, но недоволно за тој да биде осуден и да му биде одземено правото да има политичка функција во иднина.

Поврзани новости