Пелоси бара на Трамп да му се ограничи пристапот до кодовите за нуклеарно оружје

by fokus

Претседателката на Претставничкиот дом на американскиот Конгрес, Ненси Пелоси, денеска во писмо до своите колеги конгресмени нагласува дека разговарала со началникот на Генералштабот на американската армија да преземе чекори за ограничување на пристапот на претседателот Доналд Трамп до кодовите за евентуална употреба на нуклеарно оружје.

Таа наведува дека разговарала со шефот на Здружениот ГШ, Марк Мили „за достапните мерки на претпазливост за да се спречи нестабилниот претседател да почне воени непријателства или да пристапи до кодовите за лансирање и да нареди нуклеарен удар“.

Во своето писмо Пелоси исто така нагласува дека е подготвена да почне постапка за импичмент против Трамп доколку не поднесе сам оставка или ако потпретседателот Мајк Пенс не почне процес што ќе му овозможи на него и на кабинетот да го сменат претседателот.

Поврзани новости