Пеле кон Меси: Ти се восхитувам

by Fokus

Лионел Меси во ремито со Валенсија (2-2) го постигна својот 643-ти гол за Барселона, со што се изедначи во клупскиот рекорд со славниот Пеле, во дресо на Сантос.

Бразилецот во 19 сезони поминати во клубот, за кој постигна 643 гола му беа потребни 655 натпревари, додека пак Меси одигра 748 мечеви за „каталонците“.

„Кога твоето срце е преплавено од љубов, тешко е да се промени твојот пат. Како и ти, знам како е да сакаш да носиш ист дрес секој ден. Како и ти, знам дека ништо не е подобро отколку местото кое го чувствуваме како дома. Честитки за твојот историски рекорд, Меси. Но пред се, честитки за твојата прекрасна кариера во Барселона. Приказните како нашите, за толку долга љубов кон ист клуб, за жал ќе бидат се поретки. Ти се восхитувам многу“, напиша Пеле.

Поврзани новости