Пејковски: Неточно е дека на Бошкоски му следува три месеци порано ослободување

by Фокус

Законска одредба предвидува можност за отпуштање на осудено лице пред истекот на казната затвор и тоа не од три месеци, туку до три месеци, поради што неточни се наводите дека трите месеци му следуваат на осуденото лице Љубе Бошковски како право, реагира директорот на затворот Идризово, Живко Пејковски.

-Поради водење на друга кривична постапка именувана како „Ровер“ во која еден од обвинетите е осуденото лице Љубе Бошковски и е закажано рочиште на 8 април 2016 година, се разгледува можноста за предвремено отпуштање на осуденото лице. Користењето на предвидената законска можност се преиспитува за секој случај поединечно, имајќи ги во вид останатите околности за личноста и кривичната постапка која е во тек, како и можните ризиците во однос на текот од оваа постапка, се вели во реакцијата на Пејковски.

Директорот на затворот ги отфрла наводите за каква било политичка вмешаност и вршење притисок од било кого во остварување на правата и третманот на осудените лица, како и во конкретниот случај со Љубе Бошковски.

Поврзани новости