Пазуело: Во Бразил има и до три пати позаразни мутации на коронавирусот

by Fokus

Бразил во моментов се соочува со нова фаза од пандемијата на коронавирусот, со нејзините нови мутации, што се тројно позаразни, изјави бразилскиот министер за здравство Едуардо Пазуело.

Пазуело кажа дека владата распределила меѓу 13 и 14 милиони дози вакцини и дека до средината на годината планира да вакцинира половина од 210 милиони жители во земјата.

Бразил, земјата која има 250.000 смртни случаи од заразата, преговара за купување на сите вакцини што може да се најдат на слободниот пазар, а Конгресот го разгледува законот што ќе и дозволи на владата да купи вакцини од „Фајзер„ и од „Јансен“ – компанијата на „Џонсон & Џонсон“.

Поврзани новости