Пазарни инспектори нападнати во Тетово

by Fokus

Ноќеска во угостителски објект во Тетово од полициски службеници од Полициска станица Тетово бил приведен С.А.(45) од Тетово откако агресивно се однесувал кон пазарни инспектори.

МВР информира дека денеска во Полициска станица Тетово, Ф.И.(40) од с.Џепчиште, Г.А.(38) од с.Слатино и И.И.(31) од Тетово во својство на службени лица од Државен пазарен инспекторат во Тетово пријавиле дека околу 01.10 часот додека преземале службени дејствија за контрола на работно време во угостителски објект на ул.Борис Кидрич во Тетово биле омаловажувани од С.А. од Тетово, кој агресивно се однесувал.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Поврзани новости