Павлевски: Му го спасив животот на Села, а ме осудија на три години затвор

by Fokus

Стојан Павлевски, кој денеска беше осуден на три години затвор за насилството што се случи на 27 април во Собранието беше затекнат од високата пресуда, која му ја изрече судот, истакнувајќи дека очекувал многу помала казна.

„Шокиран сум од високата пресуда бидејќи очекував многу помала казна. Јас му го спасив животот на Села, а тие ме осудија на три години затвор – изјави видно вознемирениот Павлевски.

Покрај него, денеска на казна затвор од една година и два месеци беше осуден и Цео Георгиевски, исто така обвинет за насилство врз Села.

На двајцата осудени во казната им се засметува и времето кое го поминале во притвор, а исто така имаат и право на жалба пред Апелациониот суд.

В.В.

Поврзани новости