Адвокатот на осомничената специјална обвинителка Катица Јанева, Стеван Павлески вели дека Jанева е жртва во случајот „Рекет“ и дека тоа ќе го докаже, објави ПлусИнфо.
Тој во изјава за медиуми рече дека штотуку бил повикан во Кривичниот суд, каде за Јанева се одлучува дали ќе и биде одредена мерката притвор на барање на Јавното обвинителство. Павлески рече дека Јанева вчера во Кривичен била во својство на сведок во случајот „Рекет“.
– Не знам сега ме повикаа , на сите парашања на јавниот обвинител немаше никаков проблем. Не беа спомнати пари. Сѐ што прашаа за „Рекет“, Јанева кажа. Не смеам да ви одговорам што ја прашуваа, таа коректно соработуваше – рече Павлески.
Според него, хумано би било да и дозволат на Јанева да оди во Гевгелија на погребот на макја и.