Павле Богоевски на Фејсбук: Утре се укинува екстерното

by Fokus

Пратеникот од владејачкото мнозинство Павле Богоевски пред малку на Фејсбук профилот напиша дека постојат сите закони и технички можности Собранието утре да го укине екстерното тестирање.

–Кога се сака, се може. Само што ја завршивме 3-тата седница и ги избравме комисиите потребни за продолжување на мандатите на Градоначалниците и за укинување на екстерното тестирање. Здравје, утре укинуваме екстерно и закажуваме локални избори, напиша Богоевски предмалку на социјалната мрежа.

Поврзани новости