Пациентите со корона вирус сместени во белградскиот саем најавија штрајк со глад

by fokus

Пациентите кои се позитивни на корона вирус и кои се наоѓаат во карантин на Белградскиот саем, најавуваат штрајк со глад доколку не им се даде можност за повторување на тестирањето, соопшти белградската ТВ Н1.

Како што јави дописникот на МИА од Белград, оваа телевијија објави дека планот на пациентите е да започнат со штрајк утре, затоа што, меѓу другото, од недела немаат никаква информација за тестирањето на вирусот Ковид-19, а резултатите и новите тестови ги чекаат десет дена.

-Одговорниот епидемиолог Божидар Љубиќ негира каква било одговорност и не сака да разговара со пациентите, поради што не наоѓаме друг начин да добиеме можност за повторување на тестот. Покрај тоа, никогаш официјално не ни беа кажани резултатите од претходно направените тестови, ниту пак ни беше дадено нешто написмено, се наведува во апелот испратен до медиумите.

Како што посочуваат, во привремената болница на Саемот има постари лица, хронични пациенти и едно дете, а условите, според пациетите, не се најдобри за нивното закрепнување.

-Иако станува збор за привремена болница, немаме здравствени картони, ниту соодветна терапија. Од друга страна, голем број на луѓе немаат никакви симптоми, се додава во апелот.

Тие потсетуват да е најавено дека на Саемот ќе доаѓаат новотестирани со лесни симптоми на епидемијата, но тоа, како што велат, не се случува, па таму се сместени само патници и лица кои претходно биле лекувани во болниците.

Кога станува збор за условите, тие велат дека истите се подобриле со добивањето на монтажни тушеви и топла вода.

Соред податоците на српските власти во привремената болница на Белградскиот саем се наоѓаат околу педесет пациенти, од можните 3000 лежаи, а за иста намена во Србија веќе се подготвени и салите Пинки во Белград, Чаир во Ниш, Новосадскиот саем и други објекти.

Поврзани новости