Пациент скокнал од прилепската болница

by Фокус 10:06
10:06

Средовечен прилепчанец вчера скокнал од вториот кат  на прилепската болница, извести полицијата. Според првичните информации, тој во болница бил згрижен откако претходно се пожалил на повреда.

Додека лекарскиот тим се подготвувал да му ја санира повредата, прилепчанецот станал и скокнал од прозорот. Лекарите не успеале да го реанимираат сега починатиот.

- Advertisements -

За случајот бил известен и прилепскиот јавен обвинител, кој издал наредба целосно да се истражи случајот.

Поврзани новости