Пациент од Кичево заведен како позитивен на корона вирус, а сите тестови му биле негативни

by fokus

Семејството на пациентот од Кичево, за кого беше известено дека е втор дијагностициран случај на ковид-19 од овој град, тврди дека детето е негативно на сите досега направени тестови, објави порталот 360 степени.

Станува збор за пациент на 19-годишна возраст, кој бил хоспиталзиран на Инфективното одделение во охридската болница со пневмонија. Таму бил тестиран два пати за новиот коронавирус и двата теста биле негативни. Поради компликации со пневмонијата, момчето е префрлено на лекување во Градската општа болница „8 Септември“ во Скопје, каде повторно му се направени два теста за ковид-19.

Како што тврди неговиот чичко, Спасе Дамјаноски, тие биле известени дека тестовите се негативни, а детето, сепак, заврши во статистиката на Министерството за здравство како второзаболен со ковид-19 од Кичево.

Сакаме јавноста и нашите сограѓани да знаат дека детето е негативно, а институциите да ја најдат грешката и за тоа да има одговорност, велат од семејството кое деновиве живее под стрес.

Поврзани новости