Пациент нападнал сопружници во приватната ординација „Зероски“ во Прилеп

by fokus

Прилепчанец на возраст од 39 години заработи кривична пријава затоа што нападнал брачен пари, и двајцата вработени во Приватната здравствена установа „Зероски“ во Прилеп, кои од нападот се здобиле со телесни повреди.

Околу 21 часот минатата среда, додека сопругата на влезот од ординацијата поставувала соопштение со кое му се забранува влез на напаѓачот, истиот се појавил ненајавено и почнал вербална расправија.

Во еден момент Л.П. ја фатил за раката и почнал да ја влече. Жената успеала да се оттргне и со трчање влегла во амбулантата. Нејзиниот сопруг излегол и започнал вербално да се расправа со пријавениот. Л.П. го удрил со нога во пределот на телото по што М.З. паднал на земја. Оштетената се обидела да му помогне на својот сопруг, но пријавениот повторно почнал да ја влече за раката при што и таа паднала на земја. По настанот, Л.П. заминал во непознат правец.

Од нападот сопружниците се здобиле со телесни повреди, а пријавениот ќе одговара за сторено кривично дело „насилство“.

Поврзани новости