646
Пациент на 70-годишна возраст од Лабуништа почина од корона вирус во Градската болница „8 септември“, информираа од министерството за здравство.
Во тешка состојба, пациентот бил хоспитализиран на 8 април и веднаш приклучен на респираторна машина.
Во изминатите 24 часа потврдени се 7 нови случаи на ковид-19. По градови: Куманово- 2, Тетово- 3 и Кочани- 2.