Патријархот Порфириј пристигна во Скопје

by Fokus

Поглаварот на Српската православна црква Порфириј пристигна во Скопје во канонска посета на Македонската православна црква – Охридската архиепископија, информираат вечерва од СПЦ.

Утре патријархот Порфириј и архиепископот охридски и македонски Стефан, на празникот Свети Кирил и Методиј, ќе служат света архиерејска литургија во соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје.

Во делегацијата на СПЦ се и митрополитот црногорски и приморски Јоаникије, епископот сремски Василиј, епископот бачки Иринеј, зворничко-тузланскиот Фотие и крушевачкиот Давид.

Делегацијата на СПЦ била пречекана од архиепископот г.г. Стефан и митрополитот Тимотеј.

Поврзани новости