Агресијата врз Бугарија и врз Бугарите е всадена кај нашиот сосед со децении. Кога имавме огромен притисок безусловно да дозволиме Република Северна Македонија да ги започне преговорите за членство во ЕУ, јас тогаш двапати наметнав вето и го покренав прашањето пред ЕУ за правата на македонските Бугари, дека нивните права мора прво да се гарантираат со тоа што ќе бидат запишани во Уставот на земјата, а потоа ќе се отвори патот за преговори.
Овој став се бранеше до последно. Благодарение на раководството на француското претседателство и претседателот Макрон, стана факт“.
Ова го изјавил денеска претседателот на Бугарија, Румен Радев на прашањето за негов став по нападите на бугарскиот клуб „Цар Борис Трети“ во Охрид.
-Мора да се разбере од државниот врв на Република Северна Македонија, од општеството кај нашиот сосед, дека патот кон Европската Унија минува низ признавањето и почитувањето на правата на македонските Бугари, на нашето културно и историско наследство.
Ова е единствениот начин граѓаните на Северна Македонија да тргнат по патот по кој повеќепати изразија дека сакаат да одат, се разбира, со почит кон нашата заедничка историја и заедничките и длабоки историски корени, нагласил Радев, пренесуваат бугарските медиуми.