Партијата на Села: Апсењата во Куманово се само одвлекување на внимание

by Фокус

Движењето за реформи на ДПА побара да запрат апсењата во Куманово и ги оцени само како обид да се одвлече вниманието од политичката криза, односно да се затскријат неуспешните преговори на политичките партии за спроведувањето на Договорот од Пржино.

-ДУИ како дел од владата заедно со МВР да објасни зошто се случуваат вакви акции во албанските средини. Секогаш кога доцнат спогодбите, како онаа од Пржино, се тежнее неуспешноста од преговорите да се покрие преку акции за приведување на Албанци, изјави Беса Кадриу од Движењето за реформи на ДПА.

Тие сметаат дека на овој начин ДУИ ги тероризира Албанците, но набргу нејзините членови ќе одговараат пред народот.

Поврзани новости