Партијата на Љубчо во Делчево го поддржува кандидатот на ДПМНЕ Соколов

by Фокус

Општинскиот комитет на ВМРО-Народна партија – Делчево упати демант по објавувањето на веста за наводна поддршка на кандидатот за градоначалник од редовите на СДСМ.

Како што велат од партијата, ја исклучиле од партијата Гордана Бобулинска која индивидуално го поддржала кандидатот на СДСМ, Горан Трајковски, прикажувајќи дека цела партија стои зад него.

Од таму истакнуваат дека општинскиот комитет на ВМРО-НП Делчево донел единствена одлука да го поддржи кандидатот за градоначалник од ВМРО ДПМНЕ Иван Соколов.

Инаку, оваа партија не донесе одлука за настап на локалните избори на централно ниво, туку им остави на општинските комитети да одлучат самостојно кого да поддржат.

Па, во едни општини, партијата на Љубчо Георгиевски поддржува еден кандидат (Берово), во други друг (Битола), додека во некои, како во Делчево, се јавува раскол во рамки на комитетите.

Поврзани новости