Партијата на Бачев: Утре одродените Македонци ќе потпишат таканаречен договор со Грција, дел од приватната забава на Заев и Ципрас

by Fokus 14:56
14:56

Таканаречениот договор со Грција за името е национално предавство и тешко злосторство врз македонскиот народ, реагираа од „Единствена Македонија“, партијата на Јанко Бачев.

„Марионетската власт во Скопје е во очајнички да ја уништи цела Македонија за само 365 дена од своето владеење. Утре во Преспа, македонските јаничари и одродени Македонци со изгубено национално чувство по налог на своите странски газди ќе потпишат таканаречен договор со Грција за името составен на приватната забава на Заев и Ципрас. Таканаречениот договор за името е без правно дејство бидејќи е спротивен на домашното и меѓународното право и затоа новата легална власт на Единствена Македонија веднаш ќе го поништи таквиот договор – се наведува во соопштението од партијата.

- Advertisements -

 

Поврзани новости