Партија на пензионери: Аргировски самоволно потпиша договор со Груевски

by fokus

-Претседателот на Сојузот на пензионери, Драгослав Аргировски се обиде да тргува со гласовите на пензионерите и да го втурне СЗПМ во функција на изборна кампања, потпишувајќи „Меморандум за соработка“ со ВМРО – ДПМНЕ – обвини Партијата на обединетите пензионери и граѓани на Македонија (ПОПГМ).

Партијата посочува дека Аргировски во својство на претседател на СЗПМ, со овој чекор грубо ги прекршил одредбите од Законот за здруженија и фондации кои се однесуваат на непартиско дејствување.

-Аргировски ја премина црвенета линија и конечно го разобличи своето делување, со што испровоцира револт и огорченост кај огромен број пензионери,особено што тој никогаш го немал монополот да се претставува како предводник на пензионерите во Република Македонија- стои во соопштението на ПОПГМ.

Поврзани новости