Партија агитирала по СМС во изборен молк, ЦИВИЛ ги пресретнале пораките

by fokus

До член на координативното тело на ЦИВИЛ – Центар за слобода вчера попладне била испратена порака од една политичка партија.

Добиената порака е со следната содржина: „Ви посакуваме сигурна победа од ХХХ партија“ потоа се наведени неколку имиња и молба за задолжително читање на одредена веб страница за подобро запознавање со придонесот на партијата.

По пристигнувањето на оваа содржина ЦИВИЛ стапи во контакт со една личност од партијата на телефонскиот број од каде беше испратена пораката и разговорот со личноста беше снимен.

Поради предизборниот молк пораката и аудио содржината од телефонскиот разговор нецензурирани ќе бидат објавени утре после 19 часот.

Поврзани новости