Партиите остануваат на своите позиции, но се помалку шанси дека дијаспората ќе гласа како досега!

by Фокус 11:13
11:13

Дамјан Манчевски од СДСМ вели дека нема поместување од почетните позиции на преговарачите во работните групи на политичките партии за Договорот од Пржино, но дека такво нешто може да се очекува до петок.

– Сè уште се разговара за техниката на предлозите. За времетраењето, за роковите, дали би се стигнало со одредени датуми за да се запази терминот за избори во април 2016 година. Досега нема напредок, но се очекува до петок да има и конкретни предлози за кои би требало посуштиски да се договараме. Има многу идеи, многу сугестии и сè уште сме во фаза на испитување на можностите – вели Манчевски за МЕТА.

- Advertisements -

Вчера се одржа состанок на работните групи на најголемите политички партии во земјава. Засега најмногу копја се кршат околу учеството на дијаспората на изборите. Речиси сите партии и добар дел аналитичари во земјава се против учеството на дијаспората особено што со малку гласови се избираат три пратеници, а освен тоа гласањето чини 1, 3 милиони евра.

Освен тоа дел од партиите обвинуваат за големи нерегуларности при гласањето на дијаспората.

ПРИЈАВЕТЕ СЕ ВЕДНАШ И ПРЕВЗЕМЕТЕ 50EUR ЗА ТРГУВАЊЕ СО ЦЕНАТА НА АКЦИИТЕ НА MICROSOFT

Поврзани новости