Партиите не дојдоа да го потпишат Кодексот за ненасилство, немале време

by fokus

Политичките партии денеска не се појавија на настанот наречен 5 минути до 12 часот каде требаше да го потпишат Кодексот за превенција од насилство за време на парламентарните избори 2016 година што го изработи Проектот „Превенција за време на избори 2016“, објави агенцијата Мета.

Како што информира раководителот на проектот, Нелко Нелковски, од партиите го известиле дека денеска нема да можат да го потпишат Кодексот затоа што имаат многу обврски со пријавувањето на листи за пратеници.

„Не замолија да им го доставиме Кодексот за да можат да го потпишат и да ни го вратат. Нивното образложение беше дека денеска е последен ден за пријавување на кандидатски листи за пратеници и немаат време да го потпишат“, вели Нелковски.

Поврзани новости