Партиите кршат копја за ингеренциите во МВР

by fokus

Интеграциите на министерот за внатрешни работи е последното прашање на кое заглавија преговорите меѓу четирите политички партии.

СДСМ нема да попушти и инститира министерот за внатрешни работи во преодната влада, да ги има сите ингеренции што му приѓаат на првиот човек на полицијата, вклучувајќи и кадровски промени и промени во раководните структури, додека ВМРО-ДПМНЕ инсистира на ингеренции со поделени надлежности со заменскиот министер.

Прашањето за МВР, како што информираат преговарачите останува последна точка за која треба да се најде компромис.

Засега, договорено е дека преодната влада треба да има мандат од 100 дена и би почнала да функционира од август, доколку изборите се одржат до крајот на годинава.

Што се однесува до Избирачкиот список, спорните 40 илјади гласачи сами ќе треба да се пријават на јавниот повик за  за да се корегираат личните податоци, а ако не го направат тоа ќе бидат избришани од избирачкиот список.

Неофицијално, партиите треба попладне да ги информираат амбасадорите на ЕУ и на САД, Аиво Орав и Џес Бејли што е договорено во нивните штабови, по што ќе се знае дали и кога ќе продолжат преговорите.

Поврзани новости